Финансиска го приведе бившиот директор на Службата за општи и заеднички работи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од страна на финансиска полиција приведен е Васе Доневски, поранешниот директор на службата за општи и заеднички работи во Владата, пренесува ТВ 24.

Од финансиската полиција официјално само потврдуваат дека е приведен поранешен директор на СОЗР, без да го откријат неговиот идентитет.

„Приведен е поранешен директор на СОЗР. Истрагата е во тек, се прават детални проверки. Со повеќе детали на утрешната пресс конференција“, вели за тв 24 Арафат Муареми

Според неофицијалните информации Доневски е приведен  поради сомнежи за злоупотреба на службена положба за времето додека бил директор на СОЗР.