Филмски саундтрак го сруши музичкиот рекорд на Адел


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Музичкиот избор кој се најде како музичка позадина на филмот „The Greatest Showman“ на тронот од британската топ-листа се задржа повеќе недели од било кој музички албум во историјата на оваа топ-листа и со тоа го сруши досегашниот рекорд кој го држеше Адел.

Албумот „21“ на Адел се задржа 23 недели на првата позиција, од февруари 2011 до април 2012 година, а „The Greatest Showman“ беше 24 недели на врвот.

Албумот од мјузиклот не излезе од топ 5 во текот на целата 2018 година и ги победи конкурентите како Џастин Тимберлејк и Камила Кабелјо. Тој содржи и неколку песни што ги пеат актерите од филмот Хју Џекман, Зендаја и Мишел Вилијамс. Изминатиов период излегоа неколку преработки на песните од поп ѕвезди како Пинк и Кели Кларксон.