Филмската екипа од „Медена земја“ поканета за членство во Американската академија за филмски уметности и науки


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Филмската екипа од „Медена земја“, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како и продуцентот и монтажер, Атанас Георгиев, добијаа директна покана за членство во Американската академија за филмски уметности и науки која ја доделува најпрестижната награда во светот Оскар.

Режисерската двојка за Канал 5 изјави дека на поканата гледаат како на нов предизвик и дека ја прифаќаат со големо задоволство. Во меѓувреме, велат дека работат на нови проекти.

Во „Класата 2020 година“ Академијата покани вкупно 819 филмски професионалци за нови членови. Тие кои што ќе го прифатат членството, во случајот Котевска, Стефанов и Георгиев ќе имаат можност да гласаат во изборот на следните добитници за наградата Оскар.Продуцентот и кмонтажер на македонскиот документарен филм „ Медена земја “, Атанас Георгиев, кој во моментов работи на два нови документарци, за Канал 5 вели дека поканата е признание за македонската кинематографија. Иако поканет за две категории Георгиев вели со драго срце ќе ја прифати само поканата за документаристика.

„Медена Земја“ оствари историски успех за земјава со двете номинации за Оскари, во категориите за најдобар странски филм и најдобар документарен филм. Истовремено македонскиот филм стана единствен документарец во историјата на овие награди кој истовремено бил номиниран и во категоријата за најдобар странски филм.