Филмска кражба на аеродром (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неколку секунди му беа потребни на еден безобразен крадец за да украде 7.000 фунти од лента за детектор на аеродромот во Рим и да се обиде да побегне.

Кражбата била снимена од безбедносните камери на аеродромот Фјумичино во Рим. На снимките се гледа како непознат средовечен маж краде пари од два плика , кој на лентата за детектор ги оставил друг патник. Тој потоа поминал со парите низ друг детектор, а кешот го скрил во тоалетот и избегал.

Патникот , кој бил на лентата за претрес на аеродромот ги остава парите во пластичната кутија за да поминат преку детектор. Средовечниот крадец ги зема парите, ги става во џеб и минува со нив преку вториот детектор за метал.

Потоа ги граба своите предмети и заминува. Ограбениот , дури откако минал низ детекторот за метал , видел дека му ги нема парите и почнал да вика. Тој бил Пакистанец и требало со тие пари да плати во болница сметка за болен роднина.

Крадецот е приведен додека се обидувал да се качи на авион кон Русија . Тој ги скрил парите во кутијата со тоалетна хартија во аеродромскиот тоалет и имал намера да ги земе кога повторно ќе се врати во Рим. Крадецот е уапсен и го очекува казна затвор од една година.