Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„First Man“, филмот за првиот човек кој стапна на Месечината, Нил Армстронг, во САД наиде на остри критики со обвиненија дека не е доволно патриотски и родољубив, бидејќи во него не е прикажано како славниот астронаут, кој го глуми Рајан Гослинг, го поставува американското знаме на Месечината.
Бившиот кандидат за републиканските избори на претседателските избори во 2016 година, Марко Рубио, ги предводи нападите врз филмот кој на 12 октомври ќе почне да се прикажува во американските кино сали.
„Тоа е вистинска лудост“, напиша во петокот сенаторот од Флорида на Твитер, коментирајќи го изоставањето на тој битен момент во кој се поставува американското знаме на Месечината. „И тоа се прави токму денес, кога нашиот народ треба да се освести за што сме способни кога сме единствени и сложни“.
„Американците ја финансираа таа мисија (Аполо 11),во која беа користени ракети кои ги произведоа Американците, со американска технологија и американски астронаути. Тоа не беше мисија на Обединетите нации“.
Синовите на Нил Армстронг, Рик и Марк, веднаш во петокот реагираа на полемиката која се наѕираше, објавувајќи соопштение заедно со Џејмс Хансен, авторот на книгата според која е снимен филмот.
Во соопштението тие истакнуваат дека „тоа е човечка и универзална приказна“ која сигурно „нема ништо антиамериканско, напротив“.
И режисерот Демијан Чејзел застана во одбрана на својот филм, кој оваа недела го отвори фестивалот во Венеција.
„Во First Man го покажав американското знаме на Месечината, а самиот момент на негово поставување на површината од Месечината е дел од некои случувања на мисијата Аполо 11 на кои не сакав да губам време“.
„Ако ме прашате дали тоа беше политичка порака, мојот одговор е – не“, додаде режисерот во соопштението објавено во филмското списание Variety.