Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Не смееме да дозволиме со непроверени инфомрации, непрецизни формулации или научно неиздржани анализи да го поткопаме процесот на вакцинација. Уште еднаш информирам дека сите вакцини кои ги имаме се безбедни, но пред се ефикасни и штитат од развивање на тешки симптоми на болеста или смртен исход од сите соеви“, апелира до јавноста министерот за здравство, Венко Филипче, во објава на својот профил на Фејсбук.
Вакцинацијата е единствен начин да ја победиме пандемијата, потенцира министерот за здравство.
„Во период кога се бориме да вакцинираме што повисок процент граѓани, исклучително е важно да се споделуваат само проверени и научно издржани податоци поврзани со вакцинацијата. Апелирам до медиумите, поединците кои имаат пристап до самите медиуми, како и сите граѓани кои на социјалните мрежи ги споделуваат своите ставови, да бидат максимално одговорни“, напиша Филипче.
Претходно, од Министерството за здравство ги оценија како апсолутно неточни тврдењата во дел од објавите и пренесените ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ не штити од делта-сојот и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина. Оттаму нагласуваат дека нема ниту една студија или научен доказ што ова го потврдува.