Филипче упорно тврди: Во воведените мерки никогаш немало политички мотиви, приоритет било и е здравјето


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Никогаш досега, од лани кога започнавме со менаџирање на кризата, мерките не биле политички мотивирани и секогаш сме се воделе од заштита на јавното здравје, како наш врвен приоритет“.

Ова е одговорот од министерот за здравство Венко Филипче, кој откако денеска го посети А1 Спортски центар „Борис Трајковски” во Скопје, од страна на новинарите беше прашан дали последните донесени одлуки се политички, со оглед на тоа што и пописот е одложен.

-Точно е дека вирусот е широко распространет, а дека мерките кои важеа досега се ефективни, рече Филипче.

Тој појасни дека во многу градови, меѓу кои и главниот епидемиолошката крива веќе е порамента, а притисокот врз болниците изминатите два до три дена, во споредба со пред една недела се намалува.

– Што сакаме да спречиме. Во ваква ситуација кога имаме преоптоварени болници, со дополнително комплицирање на ситуацијата, што очекуваме да се случи за време на празниците доколку не се почитуваат мерките, како што тоа беше лани, ние нема да можеме да издржиме, ниту пак ќе може добро да се изменаџира. И тоа е причина зошто сега во овој период во пресрет на празниците една недела пред почеток на постите, Велигден се паѓа околу 1 мај, сметаме дека треба таква дополнителна рестрикција за доополнително да се намали притисок кон болниците и дополнително да спласне бројот на нови случаи, изјави министерот Филипче.

На новинарско прашање како ќе работат обложувалниците, Филипче образложи дека целосно се затвораат за физичко присуство, односно ќе работат само шалтерски, како што работеа и минатата година.