Филипче предупредува за надоаѓање нов бран на коронавирус зараза – се размислува за задолжително носење маски на отворено


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека се подготвуваат нови мерки за заштита од коронавирусот. Се надева дека нема да дојде до нов карантин.

Поради влошувањето на состојбата со пандемијата на коронавирусот, здравствените експерти во Северна Македонија размислуваат за воведување на задолжително носење заштитна маска на отворено, повторно ограничување на бројот на места за седење во угостителски објект и намалување на капацитетот на јавниот превоз. Министерот за здравство Венко Филипче денеска предупреди дека доколку продолжи негативниот тренд нема да може да се избегне ниту нов карантин за граѓаните.

„Граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците кои сите ги сносиме. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме здравствениот систем“, рече министерот.

Денеска во земјата се регистрирани нови 88 случаи на зараза со Ковид-19 од вкупно 1.618 направени тестови. Пет пациенти починале. Трендот и натаму е најизразен во Скопје каде се регистрирани 45 новозаразени, како и во Тетово, Куманово и Штип. Од почетокот на пандемијата во земјата се заразиле вкупно 16.867 луѓе, а 705 починале.

Бројките растат постојано а тоа, според Филипче, се должи на непочитување на мерките, во прв ред преку семејни собири.

„Наша стратегија и цел е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот. Целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движењето, но доколку тоа биде нужно тоа секако ќе го направиме“, вели Филипче.