Филипче порачува дека учениците од септември можат да се вратат во ученичките клупи за настава


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Министерот за здравство Венко Филипче смета дека учениците од септември можат да се вратат во училиштата и да следат настава од ученичките клупи. Тој додаде дека за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година.

– Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели, изјави Филипче.

Министерот соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.

Филипче вели дека одлуката на Бирото за развој на образованието да не се делат сега свидетелства на учениците оти нема услови, не е донесена во координација со министерството.

– Свидетелствата можат да се делат во дворовите. Сè што може да се организира надворешни услови, може да се направи, смета Филипче.