Филипче: Нема класична настава над трето одделение во училиштата во Скопје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скопските училишта нема да добијат дозвола за настава со визичко присуство за повисоките одделенија, вели во интервју за Радио Слобода Европа, министерот за здравство Венко Филипче.

„Има училишта, да дадам пример, кои имаат по пет-10 ученици во еден клас, тука се обединуваат ученици од прво до четврто одделение, некаде над 300 училишта во нашата држава се такви, меѓутоа тоа ќе биде со дозвола на Комисијата за заразни болести, ако епидемиолошката ситуација во таа општина тоа го дозволува. Само тие коишто имаат мала бројка на ученици, односно конкретно да ви одговорам. Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира за дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа“, истакна Филипче.

Од Министерството за образование пак, велат дека владината комисијата ќе одлучи кое училиште ги исполнува условите согласно протоколите донесени од Владата.

Претходно, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерката за образование Мила Царовска, информираа дека Општините до 10 септември треба да достават одговор до МОН за моделот на настава во нивните училишта и да побараат евентуално настава со физичко присуство, а МОН и владината комисија ќе дадат одобрение, доколку ги исполнуваат условите.