Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во неговото обраќање пред Комисијата за здравство во Собранието на Република Северна Македонија, каде на дневен ред беше ставен Законот за прекинување на бременоста, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека досегашниот закон значително влијаел на желбата на жената да го оствари правото на абортус.
„Сегашниот закон е оптеретен со административни процедури кои го одлагаат абортусот што може да доведе до тоа жените да посегнат и по нелегален абортус. Законот досега налагаше жената да ги слуша срцевите тонови при правење на ехо прегледот и сметаме дека тоа не е етички“ – изјави Филипче.
Новиот закон ќе го нема задолжителното чекање од една година која треба да помине од претходниот абортус, ќе нема задолжително чекање од 3 дена од советувањето на жената и ќе нема обврска жената да го слуша отчукувањето на срцето при ехо прегледот.
„Со новиот закон волјата на жената е на прво место, никако да не се допре во нејзиното достоинство, а сметаме дека во досегашниот закон има одредби коишто баш тоа го прават. Сакаме жената да има целосно право на безбеден прекин на бременоста“ – објасни министерот за здравство.
Според него, предлог-законот се темели на начелата за слобода на раѓање и слободно одлучување на жената за бројот на деца кои ќе ги има.
„Мајчинството е екслузивно право на жената, на бројот на деца, доколку таа сака. Тоа не е работа на судии, ниту на попови, ниту на оџи, ниту на лекари, а најмалку на политиката да одлучува за ова право на жената. Не е наша задача да попуваме, наша задача е да обезбедиме услови тоа право жената да си го добие, а државата да обезбеди институции и експеритза за тоа квалитетно и стручно да се заврши“ – изјави Филипче пред собраниската Комисија за здравство.