Филипче најави укинување на контролните тестови за КОВИД-19 за излегување од изолација на оние кои биле заразени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека се укинуваат двата контролни теста со кои се докажуваше дека пациент веќе нема Ковид-19 и беа услов за тој да излезе од изолација.

– На состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме нов протокол за ослободување од изолација. Нема да бидат потребни повторени испитувања. МАНУ реализира повеќе од 10.000 тестирања и се покажа дека пациенти со коронавирус што немаат симптоми не ја пренесуваат болеста по 10 дена, а кај оние со симптоми по 20 дена нема опасност од пренесување – рече Филипче.

Матичните лекари ќе ја следат состојбата на пациентите зашто, меѓу другото, ги добиваат и резултатите од тестовите. Новите правила треба да важат за неколку дена.

Филипче, исто така, објасни дека сега откако се почнати закажувањата на прегледи преку системот „Мој термин“, пациентите што ќе одат во здравствени установи мора да ги почитуваат протоколите за заштита од вирусот. Во установата ќе влезат 15 минути пред почетокот на прегледот, а со нив може да има само уште едно лице.