Филипче најави дека Македонија се подготвував за втор, есенски бран на КОВИД-19


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, коронавирусот многу веројатно ќе има и втор бран во Македонија. Овие проценки се базираат на резултатите од сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии.

„За него се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, со СЗО, но и со поединечни случаи од повеќе земји“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека почнуваат големи инвестиции во здравствениот систем и ги зајакнуваат одделенијата за интензивна нега ширум земјата.

„Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните“, рече тој.