Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера до македонската јавност апелираше: „Ја добивме првата битка со коронавирусот. Само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола“, притоа укажувајќи дека враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено, внимателно и со задолжително почитување на мерките за заштита.
Оптимизмот на министерот се должи на тоа што во изминатите денови поголем е бројот на оздравени од новопотврдени на КОВИД-19 (вчера 44 наспрема 13), како и поради добрата состојба на пациентот кој 12 дена беше на респиратор во ГОБ „8 Септември“.
Тој е прв во државава од почетокот на епидемијата кој е исклучен од машина и сега може самостојно да дише. Добрата здравствена состојба на 38-годишниот пацинет вчера ја потврди и директорот на болницата, Христијан Костов.
Во вчерашната евиденција на Министерството за здравство во поминатите 24 часа имаше и двајца починати – 55-годишен пациент од Прилеп, кој во ГОБ „8 Септември“ бил хоспитализиран на 22 април и 13 дена приклучен на респираторна машина, а во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај, кај кого посмртно било потврдено присуство на вирусот.
Од почетокот на епидемијата во земјава КОВИД-19 е потврден кај 1539 лица, оздравени се 1057 и починати 88. Активни случаи има 394. Една третина од вкупниот број заразени (515) се во Скопје, а следна општина по број на дијагностицирани е Куманово со 402. Случаи со потврден вирус има во уште 26 градови.