Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерот за здравство Венко Филипче денес го посети младиот Иле Стрезовски, кому на Клиниката за кардиохирургија му беше направена трансплантација на срце.
Според министерот Филипче, Иле полека заздравува од комплексниот хируршки зафат.
„Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради. Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство“, напиша министерот филипче на фејсбук.
Во градите на Иле сега чука срцето на 20-годишната Верица Белчовска по потекло од беровско Русиново, која почина по тешка сообраќајна несреќа. Оваа трансплантацијата, која се случи на Клиниката на Државна Кардиохирургија, вечерта во петокот кон саботата, е втора во земјава.
Пред неполна година, Иван Огненовски од Скопје го доби срцето на Емилија Динева од Дојран.