Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Единствена дополнителна мерка што може да дојде предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе рестрикција на движењето, се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети, рече министерот за здравство Венко Филипче.
„Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и по пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, потенцираше Филипче и додаде дека имаме потпишано писмо со Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе биде на располагање.
Филипче рече дека ние сме една од ретките земји што целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени.
„Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Доколку се придржуваме до превентивните мерки, бројот на заболени ќе се намалува“, рече Филипче.