Филипче апелира: Нов бран на Ковид-19 ни е пред портите – бројките на новозаразени се зголемуваат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во денешното обраќање за јавноста, првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче рече дека Македонија се наоѓа на почеток на еден нов бран со коронавирусот. Бројките растат, и тоа е доказ дека се соочуваме со нов бран.

– Денеска имавме координативна средба со директорите на клиниките. Очигледно е дека сме на почеток на еден нов бран, а тоа се случува секаде во регионот. Тоа кажува бројот на новодијагностицирани пациенти и кај нас и во регионот. Тоа се пренесува и во болниците, но не секаде – кажа Филипче.

Министерот кажа дека најлоша е состојбата во Тетово, каде што има најголем број на хоспитализирани.

– Најкритично е во Тетово, 45 пациенти хоспитализирани, бројот на нови пациенти се високи и во Скопје и во Гостивар, а од вчера и неколку други градови Куманово, Кичево, Кавадарци, Струмица, но во овие градови нема никаков притисок во болниците – изјави Филипче.