Филипче апелира: Носењето маски ќе стане задолжителен дел од секојдневниот живот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако Владата ги олабави превентивните мерки против коронавирусот, убавото време ги извади луѓето надвор, пред зградите и на игралиштата, по парковите. Но, многумина од граѓаните не се придржуваат до главната и задолжителна мерка за носење заштитни маски.

„И до мене стигаат фотографии од луѓе без маски, надвор каде што не може да се држи дистанца меѓу луѓето, но мора да кажам дека граѓаните ќе мора да се навикнат да ставаат прекривка преку носот и устатата и тоа ќе стане еден терк на однесување и понатаму. Инаку, има и други слики каде што граѓани стрпливо и со дистанца со маски на лице чекаат ред пред банки, маркети“, вака на денешната прес конфренција одговори министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето на НОВА какви се сознанијата за овие два дена, дали се почитуваат комбинираните мерки и дали му е познато дека на многу места пред зградите, парковите, деца и возрасни се собираат и не носат никаква заштита на носот и устата.

Министерот нагласи дека за маските, иако СЗО препорачуваше да не се носат на отворен простор, работите се сменија бидејќи сега има многу асимптоматски случаи, луѓе кои можеби не знаат дека се заболени, а може да ја пренесат болеста. Во однос на ракавиците, Филипче потенцира дека не е непоходно да се носат доколку се мијат рацете почесто и правилно со сапун и не се фаќа лицето и носот, ракавиците рече тој, можат да направат поголем проблем ако со нив се фаќа секаде, а потоа и лицето.