Филипче апелира јавноста да не наседнува на лажни вести за коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на секторот здравство, министерот Венко Филипче денеска испрати апел кон јавноста, во врска со вчерашната ситуација за пациентот чии тестови беа негативни за корона вирус.

„Ние ќе разговараме за откажување на сите патувања во овој дел на Италија. Сите кои дошле од критичните региони треба да се придржуваат кон препораките. Апелирам јавноста да не наседнува на лажни вести, да не се креира непотребна паника. Патниците да кажуваат вистински информации, нема потреба да се кријат информации, мора да се кажува вистината. Што се однесува до медицинска опрема, ние имаме доволно количина. Од друга страна, кажано ни е дека има доволно количина на маски во аптеките“, истакна Филипче.