Филип Талевски сепак ќе игра на Светското првенство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот ракометар на младинската репрезентација на Македонија, Филип Талевски ќе настапи на Светското првенство во Алжир, откако неговиот клуб Рајн Некар одлучи да го пушти.

Светското првенство ќе се одржи од 18 до 30 јули, а првичните информации беа дека Рајн Некар нема да му дозволи на Талевски да настапи во Алжир.

Сепак, по макотрпните преговори на РФМ со раководството на Рајн Некар, нашиот ракометар мќе биде ослободен од клупските обврски и ќе му се стави на располагање на селекторот Темелковски.

Нашата селекција на СП ќе се натпреварува во групата Ц каде ќе се сретне со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Брукина Фасо.