И Филип Петровски си влегува во игра за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На синоќешната дебатна емисија „Само вистина“ на Канал 5, Филип Петровски соопшти дека ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, иако, како што тврди тој, се соочувал со притисоци од „палатата“.

Петровски, се одлучил на овој чекор по анализа и консултација со семејството, партиското членство. Вели  дека голема поддршка ужива од дијаспората.

„Има некои луѓе кои сметаат дека близината и тоа што постојано се во „палатата“ им дава предност пред другите, јас мислам тоа за нив е хендикеп, многу малку знаат што мисли членството. Има сериозен клиентелизам, гледам дека има големо непознавање за историјатот на конгресите“. рече Петровски.

Порача да не се врши притисок врз делегатите како да гласаат.

За 27 април кажа дека терорист е пратеникот од БЕСА кој ја пееше албанската химна и направи провокација. Вели дека тој мора да одговара.