Филип Лазаров се сели во Бешикташ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров по само неколку месеци ќе го напушти Пелистер и кариерата ќе ја продолжи во Турција, во дресот на Бешикташ.

Лазаров спогодбено го раскина договорот со битолаксиот клуб и ќе се пресели во редовите на турскиот шампион, Бешикташ каде ќе настапува во Лигата на шампиони.

Тоа за Лазаров ќе биде трето странско национално првенство, откако претходно играше во Унгарија и Романија.

Бешикташ одлично ја почна сезоната во ЛШ и го победи Металург во Скопје, а извојува победа и над Чеховски Медведи во Истанбул.