Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид и португалски репрезентативец Кристиано Роналдо, е прогласен за најдобар во светот во изборот на ФИФА.
Португалецот претходно ја доби и „Златната топка“ на „Франс Фудбал“ со што само ја потврди доминацијата во 2016-та, во која ја освои Лигата на шампионите и Европското првенство.
Кристиано Роналдо наградата на ФИФА за најдобар во светот ја освои во конкуренција на својот најголем ривал, Лионел Меси од Барселона и ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, кој беше најдобар играч и стрелец на Европското првенство.
ФИФА го прогласи и тимот на годината, во кој влегоа голманот на Баерн Мануел Нојер, десниот бек на Јувентус Дани Алвеш, дефанзивците на Реал и Барселона Серхио Рамос и Жерард Пике, левиот бек на Реал Марсело, играчите од средниот ред на Реал Лука Модриќ и Тони Крос, односно капитенот на Барселона Андрес Иниеста и напаѓачите Кристиано Роналдо од Реал и Лео Меси и Луис Суарез од Барселона.
Наградата „Пушкаш“ за гол на годината му припадна на Малезиецот Мохд Фаиз Субри за голот кој го постигна на натпреварот Пенанг-Паханг во малезиската Суперлига.
Тренер на годината е 65-годишниот Италијанец Клаудио Раниери, кој го предводеше Лестер до сензационалната титула во англиската Премиерлига.
Најдобра фудбалерка е Американката Карли Лојд, а жена тренер на годината е Германката Силвија Наид.