ФИФА покрена истрага против Вида – заврши Мундијалот за дефанзивецот на „коцкестите“?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватската репрезентација се соочува со проблеми и може да остане без својот дефанзивец Домогој Вида на преостанатите два натпревари на Мундијалот.

Стоперот на „коцкестите“ заедно со Огњен Вукојевиќ по натпреварот снимија видео во кое победата против Русија и ја посветуваат на Украина.

Можеби тоа го направија со најдобра намера, бидејќи двајцата голем дел од своите кариери минаа во редовите на Динамо Киев, но тоа предизвика големи реакции во руската јавност.

Сега ФИФА ќе покрене дисциплинска постапка против Вида поради „политичка провокација“, па може да добие два натпревари суспензија. Во најдобар случај може да биде парично казнет како Џака и Шаќири.