Home Спорт ФИФА и УЕФА ја исклучија Русија од светскиот фудбал

ФИФА и УЕФА ја исклучија Русија од светскиот фудбал

Она што се провлекуваше како најава во текот на денот сега и официјално – Русија е исклучена од светскиот фудбал!

Поради руската инвазија во Украина која трае веќе пет дена ФИФА заедно со УЕФА донесе одлука Русија да биде исклучена од Светското првенство во Катар. Освен тоа на сите клубови од Русија им е забрането на неодредено време да играат во европските натпревари.

Ќе потсетиме, ФИФА донесе одлука да и забрани на Русија да игра под своето знаме и без химна, а за баражот од СП им порачаа да играат на неутрален терен. Сепак Полска веднаш излезе со реакција дека во никаков случај не сака да игра против Русија, истото го направи и Шведска. Без разлика како се вика тимот тие не сакаа да играат.

Сепак, сега таа е промената и донесена е по ригорозна казна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…