ФИФА ги прогласи најдобрите на Мундијалот во Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После завршувањето на финалето како и што редот, ФИФА ги прогласуваше најдобрите на Светското првенство.

Прво прогласен беше најдобриот млад фудбалер. Тука имаше само едно име и асполутно без никаква конкуренција, тинејџерот Килијан Мбапе со своите 19 години ја однесе наградата најдобар млад играч на Мундијалот во Русија.

Како утеха за Хрватска и останува за утеха тоа што капитенот на оваа репрезентација сосема заслужено, Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот.

На крајот ФИФА истакна и благодарност до Нестор Питана кој беше прогласен за најдобар судија на Светското првенство.

Ќе потсетиме, наградата за најдобар стрелец ја освои англискиот напаѓач Хари Кејн.