ФФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварите со Лихтенштајн и со Србија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека започна продажбата на билетите за натпреварите Македонија – Лихтенштајн, како и за младата селекција која на 6-ти октомври ја пречекува Србија.

Избраниците на Ангеловски на 9-ти октомври во Струмица ќе го одиграат последниот домашен натпревар во квалификациите за Светското првенство во Русија, а влезниците ќе бидат по симболична цена од 100 и 200 денари.

Влезниците за младата репрезентација на Македонија која домашниот натпревар ќе го игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе бидат по цена од 150 денари.