Фетаи за „Монструм“: Ќе ги објавиме сите „бомби“ – и тие кои ми ги праќаат на мобилен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во рамки на денес одржаното судско рочиште за случајот „Монструм“ беше договорено дека од 5 септември во судница ќе почне објавувањето на сите „бомби” поврзани со овој случај под ингеренција на СЈО, односно прислушуваните разговори и СМС пораките, поврзани со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, пренесува Фокус.

„Во судница ќе бидат презентирани сите материјали кои ни ги достави СДСМ, но ќе ги презентираме и разговорите кои мене ми беа испраќани“, појасни обвинителката Фатиме Фетаи.

„Фокус“ веќе објави дека во рацете на СЈО, а сега и на судот има 38.000 „бомби“ поврзани со Монструм.