Фетаи тврди: Судот и одбраната биле договорени да не почне рочиштето за случајот Шамари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Очигледно постои договор меѓу судот и одбраната со единствена цел да се одложи рочиштето. На тоа упатува околноста што списите од предметот се наоѓаат во Апелациониот суд, а беа присутни сите обвинети, што не се случило долг период. Иако побаравме објаснување за доставувањето на списите, не добивме одговор, оцени обвинителката Фатиме Фетаи по овој неуспешен обид да почне судењето за случајот Шамари.

Според неа, СЈО работи и до крајот на неделата ќе ја известат јавноста до каде се постапките што ги водат.