Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обвинителката Фатиме Фетаи ја повлекла кандидатурата за шеф на Вишо јавно обвинителство – Скопје. Изборот за шеф на обвинителството требаше да биде направен овој понеделеник, но беше одложен за следниот понеделник со образложение дека на членовите на Советот на јавни обвинители им треба повеќе време за да ги разгледаат пристигнатите оценки и досиеја на кандидатите.
Според шпекулациите, целта е Мустафа Хајрулахи, кој е актуелен шеф и кандидат за нов мандат да остане на позицијата ЈО на Вишото скопско обвинителство.
Информацијата за медиумите ја потврди претседателот на Советот за јавни обвинители, Антонио Јолески кој вели дека е изненаден од повлекувањето на кандидатурата на обвинителката Фетаи. Тој вели дека Фетаи ги известила за повлекувањето преку мејл и преку вибер, но не испратила официјално писмено известување за го сметаат повлекувањето за веродостојно.
– Имаме официјална кандидатура, со потпис. Ќе бараме потврда официјалнао известување за повлекувањето од Фетаи, документ со потпис. Чудно е ова да се случи последен ден пред избори – вели обвинителот Јолески.
Ако Фетаи и писмено потврди дека се повлекува, впо трката за шеф на Вишото скопско обвинителство ќе останат останат Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.