Фетаи побара осудителна пресуда и затворска казна за Јанкулоска во случајот „Тенк“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во завршните зборови кои во име на Специјалното јавно обвинителство, за случајот „Тенк“, ги изрече специјалната јавна обвинителка Фатиме Фета, од Кривичниот суд побара осудителна пресуда и затворска казна за бившата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластувања.

„Сметаме дека во дејствијата на обвинетата се содржани обележјата на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања бидејќи истата била свесна за делото и го сакала. Со умисла го поттикнала Ѓоко Поповски незаконски да постапи и да фаворизира економски оператор за набавка на конкретното возило“, изјави Фатиме Фетаи.

Фетаи побара од судот да ги земе предвид сите отежнителните и олеснителните околности во врска со кривичното дело за кое се товари Јанкулоска. Отежнителни како што наведе Фетаи е степенот на кривичната одговорност бидејќи делото е направено додека Јанкулоска била на функција. Како единствена олеснителна околност од СЈО ја посочија семејната положба.