Фетаи до адвокатот на Алими: „Ти ми рече дека јас сум ваша, лесно ќе поминам, ама на тој каурот ќе му ја расплачете фамијата“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вистинска драма од препукувања и дофрлања меѓу обвинителите на СЈО и адвокатската одбрана од обвинетиот пратеник на ДУИ, Ејуп Алими, во рамки на судското рочиште за случајот „Титаник 3“ за изборни нерегуларности кое беше одложено, пренесува „Сакам да кажам“.

Алими им рекол на обвинителите дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.

Тогаш, Бубевски му дофрлил: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“. Адвокатот Мефаил Арслани возвратил: „Да, подобри сме, секако“, пренесува Фокус.

Бубевски искоментирал: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“ „Кој ви се заканувал“, прашал адвокатот.

Фетаи на тоа возвратила: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша, може лесно да поминеш‘, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“.

Адвокатот ова гласно го негирал, а обвинетите молчеле.