Фетаи бара притвор за Мијалков и Ибраими после затворската пресуда за нив


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Обвинителката од редот на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, откако беше изречена пресудата за обвинетите во „Титаник 2“, побара притвор за Сашо Мијалков, кој доби 3 години затвор, и Бедредин Ибраими, бивш член на ДИК, кој доби четири и пол години затвор.

Фетаи рече дека сите се осудени за кривично дело злоупотреба на службена потреба, а Мијалков за примање награда. Во оваа фаза постои опасност од бегство, рече обвинителката.

Таа за Манедух Тачи побара мерка на претпазливост да се јавува во определено време кај надлежен државен орган.

За Ибраими, рече Фетаи, се работи за човек кој извршил атак врза изборниот систем и покажа крајно непочитување на Специјалното јавно обвинителство и на судот.

Извор: Мкд.мк