Advertisements
Авто мото

Ferrari SF90 Stradale – прв електричен Ferrari со преден погон

Stradale SF90 е новиот модел на Ferrari со кој автомобилскиот гигант направи целосен пресврт во досегашното производство на неговите луксузни спортски автомобили.

Очигледно деновите на V12 моторите се избројани, посебно со развојот на системот на V8 twin-turbo, дури и кај суперспортските автомобили.

Кај новиот Ferrari е употребен 4.0 V8 моторот , кој во SF90 доби хибридна конфигурација. Дава 780 Кс и 800 Нм , а кога се вклучени трите електромотори , максимумот достигнува до 1000 Кс.

Новината кај ова Ferrari е во тоа што ќе вози 25 километри на струја, а тогаш во функција се вклучуваат двата предни електромотори, со што автомобилот добива преден погон и може нечујно , како секој електричен автомобил да вози со брзина од 135 км/час.

Ferrari создаде вистински спортски шампион, кој достигнува до 100 км/час за само 2,5 секунди , а на 200 км /час е за 6,7 секунди. Максимално достугнува 340 км/час.

Advertisements
To Top