Ferrari оваа есен го пушта во продажба својот најмоќен сериски модел


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оваа есен, на пазарот за спортски луксузни автомобили, италијанскиот култен производител од овој сектор, Ferrari, го пласира својот најмоќен сериски модел.

Моќниот хибрид SF90 Stradale го движи 3.9 литарски V8 турбо агрегат со 780 КС и 800 Нм.

Покрај тоа, има три електромотори кои се синхронизираат со центар за бензински погон, еден инсталиран помеѓу моторот и менувачот, а другите два овозможуваат погон на сите тркала со водење на предната оска.

Вклучувајќи ги и електричните мотори, Stradale развива 1.000 КС, забрзувајќи од 0-100 km / h за 2,5 секунди, а достигнува 200 km / h за 6,7 s, додека максималната брзина е ограничена на 340 km / h.

Една од предностите на „Stradale“ е нејзиното ултра лесно тело со јаглеродни влакна и специјалните високо-технолошки сопирачки Brembo.

Овој комплетен луксуз, моќ и брзина како задоволство „спакувано во едно“ чини од 430.000 евра.