Ферги се враќа со стил: Провоцира гола со најавата на својот нов албум


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По 11 години пауза Ферги реши да се врати на музичката сцена. Таа дава се од себе за нејзиниот албум Double Dutchess да биде најдобро претставен на нејзините обожаватели.

Се чини дека пејачката брзо премина преку разделбата со нејзиниот сопруг Џош Дамел и реши да го прави она што најдобро го прави, па и се посвети на својата кариера.

Четириесет и две годишната Ферги го покажа своето совршено обликувано тело, па на фотографиите од новиот албум е со минимална количина на облека и ги истакнува своите облини.

A post shared by Fergie (@fergie) on

Ферги и Џош Дамел ја објавија својата разделба во средината на септември.

Тие рекоа дека нивната разделба била многу пред објавувањето, но дури сега решиле да ја споделат со јавноста.

A post shared by Fergie (@fergie) on

Таа својот албум го промовираше една недела подоцна, објаснувајќи дека е инспириран од двојноста на нејзината личност, нејзината темна и светла страна, маската која ја носи и која и ја одземаат откривајќи што всушност се крие под неа.