Ферари уништено во пожар се продава за вртоглава сума од 1,2 милиони фунти


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Остатоци од Ферари стари 60 години се продаваат за повеќе од 1,2 милиони фунти, пишува Дејли Мејл.

Рекламата вели дека тоа е „интригантен проект за реставрација“ за љубителите на автомобили.

Станува збор за Ferrari 500 Mondial Spider од 1954 година, кој се запали во несреќа за време на трка пред речиси 40 години. Автомобилот останал без тркала, внатрешност и без својата специфична црвена боја.

Можело да достигне 100 километри на час за 5,9 секунди и да достигне максимална брзина од 230 километри на час. Според Дејли Мејл, тој се користел на трките во Европа, вклучувајќи ја и Големата награда на Имола во Италија, и тоа годината кога е изградена.

Во текот на 1958 година бил извезен во Америка, а во 1963 година сопственикот го замени „оригиналниот мотор со американски V-8, што беше вообичаена практика во тоа време“. Се вели дека во наредните две години автомобилот претрпел голема штета, кога се запалил при судир. Споменатиот модел се наоѓа меѓу 20-те Ferrari на продажба во колекцијата „RM Sotheby’s Lost and Found“.

– Додека избрана група колекционери на Ферари знаеше за постоењето на овие исклучителни автомобили, остатокот од светот не знаеше. Ова претставува можност еднаш во животот за ентузијастите да ги набават овие легендарни Ферари“, рече Роб Мајерс, извршен директор на RM Sotheby’s.

Проценетата вредност за овој модел е до 1,27 милиони фунти (1,6 милиони долари). Аукцијата се одржува во август.