Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Обожавателите на „најбрзиот циркус“ на планетава, Формула 1, последниве години сè погласно се жалаат на сето она што на натпреварувачки и организациски план се случува во F1.
Гласот на таа тема го крена и славниот Џереми Кларксон, отворено кажувајќи си го своето мислење за спортот што некогаш најмногу го сакал.
Кларксон ги детектира и потенцира проблемите за кои смета дека се круцијални во Формула 1 и дава свое видување за тоа што треба да се направи за тие да се решат.
„И Ферари и Мерцедес можат да одебат од таму, бидејќи тој спорт повторно сакам да биде возбудлив“, вели на почетокот Џереми.