Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кавадаречкиот комбинат за фероникел ФЕНИ ИНДУСТРИ оди под стечај. Судбината на повеќе од 800 вработени е во рацете на стечајниот управник. Се бара нов инвеститор.
Комерцијална, Стопанска и Силк банка како најголеми доверители на ФЕНИ денеска поднеле предолг до судот во Велес за отпочнување на стечајна постапка.
Фирмата должи вкупно 60 милиони евра, 40 милиони на банките, а околу 20 милиони на доставувачите, работниците и на други субјекти. Барањето на стечајната постапка не значи дека банките сакаат да го стопират работењето на ФЕНИ, вели првиот човек на Комерцијална Банка – Хари Костов, туку се бара реконструирање и реорганизирање.
Според Костов, бугарската компанија „Енекод“, која деновиве соопшти дека ја купила „Фени индустри“ од претходниот сопственик „Кунико рисорсис“ и ќе продолжи со работа, кажува невистини, оти досега не понудила ниеден доказ дека е нов сопственик, ниту пак ги уверила доверителите дека има сериозен бизнис-план со кој би овозможила компанијата да работи и да го врати долгот.
Во моментов вели уште има две заинтересирани фирми, но имињата не се откриваат.
Вработените во ФЕНИ пак од утре најавуваат штрајк. Претседателот на синдикатот во фирмата Ѓоре Палитов вели дека ова е непромислено и нефер кон вработените.
„Ова е непромислено и од утре, ќе стапиме во генерален штрајк, успешно работиме инекој ако нешто проневерил, владата треба да си ја заврши работата, а нас да не остави да работиме.“ – изјави Ѓорге Палитов – претседател на синдикатлна организација на ФЕНИ.
Од Владата велат дека тие не се надлежна институција за овој проблем. Случајот бил комерцијален проблем помеѓу должниците и доверителите, но ќе стореле се за ФЕНИ да продолжи со работа. Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека целта е да се зачува фабриката, долговите кон доверителите да се исплатат, а вработените да останат на своите работни места.
Фирмата Фени веќе со години работела во загуба, а финансиските инспекции покажале дека фирмата немала поднесено завршна сметка. Користеле и залихи без дозвола од банките што е кривично дело и за што ќе бидат покренати кривични постапки. Кавадаречкиот комбинат учествува во голем дел во билдањето на брутодомашниот прозивод, затворањето освен што ќе остави илјадници луѓе без работа, ќе се одрази и врз целокупната економија во земјава.