Фејсбук воведува нова опција која нема да ви се допадне


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фејсбук воведува новина која никој не ја бараше и апсолутно на сите ќе им оди на нерви. На профилот ќе ви пишува доколку сте во моментот активни.

Слична опција имаше некогаш популарниот „MySpace“, покрај профилната слика стоеше ознака која покажуваше дали корисникот е активен. А сега таа опција ја воведува и Фејсбук.

Фејсбук веќе забочна со тестирање на опцијата, а исто така ќе пишува и пред колку време сте биле активни.

До сега тој „статус“ беше видлив само на Фејсбук Месинџер-от, и за среќа оваа опција нема да може да ја гледаат оние кои не ви се пријатели.

Ете, ако мислевте да имате малку мир и приватност на друштвените мрежи – нема да може.