Фејсбук во борба против лажните вести, воведува индикатор за лажни информации

Фејсбук

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фејсбук на почетокот од оваа година покрена иницијатива за зголемување на квалитетот на информациите. Тоа планираат да го изведат преку соработка со новинарските агенции, со спроведување на навинарски тренинзи и „Trust“ индикатор.

Се работи за индикатор за „доверба“, со чија помош корисниците ќе може да дознаат повеќе за вестите споделени на Фејсбук. Овој индикатор е плод на соработката со „Trust“ проектите, како и меѓународни здруженија за информатини портали. Главна причина за тоа е подобрување и зголемување на довербата во медиумите.
Овие индикатори на корисниците ќе им нудат повеќе информации за медиумот кој ја објавил информацијата. Корисниците ќе имаат пристап до информации од различен карактер како етичка политика, проверка на факти и слично.

Во почетокот оваа функција ќе се спроведе врз мал број на медиуми, но постепено ќе се шири.

Управниот одбор на Фејсбук смета дека со тоа ќе се продлабочи нивната битка со лажните вести и дезинформациите кои се пласираат на оваа друштвена мрежа.