Фејсбук пропаѓа? Младите масовно ги деактивираат профилите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фејсбук и понатаму е најпопуларна друштвена мрежа во САД, но младата популација се повеќе се врти кон Снепчет.

Во 2018 година бројот на корисници на Фејсбук во САД би требало да падне за 5,6 проценти за старосната граница од 12 до 17 години. И 5,8 проценти повеѓу оние на 18 до 24 години. „Ова е прв пат еМаркетер да предвидува пад на корисниците на Фејсбук“, објавија во понеделникот. Истиот сервис предвидува дека Фејсбук ќе изгуби над 2 милиони корисници помлади од 25 години.

Голем пораст на Снепчет

Додека Фејсбук губи од корисниците, Снепчет привлекува и би требало да добие 1,9 милиони нови корисници во текот на целата година. А 1,6 милиони корисници кои се откажале од Фејсбук, би требало да ги привлечи Инстаграм.

На Фејсбук останува постарата популација

Фејсбук пак од друга страна, продолжува да ја освојува постарата популација, постојана бројка на корисници на Фејсубк е 169,5 милиони. „Снепчет би можело да ги привлечи и старите корисници ако ја редизајнира платвормата и поедностави употребата“, вели Дебра Ахо Вилијам, аналитичарка во еМаркетер.