Фејсбук почна да ги откупува акциите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемата социјална мрежа во светот – Facebook, одлучи да започне со постепено откупување на дел од акциите со цел развој на бизнисот во долг рок.

Почетокот ќе биде лансиран во првиот квартал на 2017 година, а крајот не се наведува, бидејќи ќе зависи од повеќе фактори, вклучувајќи цената на акциите, општата економска состојба, пазарните услови и алтернативните инвестициски можности, посочуваат од компанијата.

Во моментот Facebook располага со 26 милијарди долари во форма на парични средства и краткорочни инвестиции.