Фејсбук мисли дека ова е машки полов орган – дали вие препознавате што е?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сопственикот на „чудото“ кое го држи во рака даде сосема ново значење на изразот „најдобар пријател на човекот“, кога неговата фотка заврши на Фејсбук од каде беше отстранета поради цензура. Дали вие препознавате што е, пред да продолжите да читате надолу, каде што се открива што е тоа што типот го држи во раката?

Необичната фотографија, која 16-годишниот Доминик Ибаос ја прикачи на Фејсбук, прикажува мало, голо и со поднасобрана кожа новородено кученце.

Но, и покрај невиното суштество кое го држи во рака, фотогрфијата била пријавена кај администраторите на социјалната мрежа како непримерна и непристојна содржина, бидејќи на некој Фејсбук корисник кученцето очигледно му заличело на машки полов орган.

Доминик фотката од кученцето ја објавил на локална група на љубители на животни, а дури после предупредувањето од Фејсбук дека фотката ќе биде отстранета, Доминик сфатил дека неговото кученце на истата изгледа како пенис.

„Мене навистина ми е тешко да видам пенис на оваа фотографија бидејќи, кога и да ја погледнам, гледам само кученце. Откако Фејсбук ме предупреди, се изнервирав за момент, но сега сум спокоен бидејќи видов колку на луѓето цела оваа ситуација им е урнебесна“, изјави тинејџерот за Unilad.