Актуелно

Фејсбук лансира сопствена криптовалута

Технолошкиот гигант Фејсбук го финализираше планот за лансирање сопствена криптовалута во текот на наредната година.

Планот е до првиот квартал од 2020 година оваа технолошка компанија да воспостави систем за дигитално плаќање во десетици земји, а до крајот на оваа година да започне со тестирање на својата криптовалута, која интерно е наречена GlobalCoin.

Се очекува ова лето од Фејсбук детално да ги претстават своите планови, а основачот на компанијата, Марк Закерберг, за тоа веќе разговарал со гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни.

Тие двајца минатиот месец разговарале за можностите и ризиците кои ги носи иницирањето и лансирање на криптовалута, а Фејсбук совет поврзани за оперативните и регулаторните прашања бараше и од официјални лица на Министерството за финансии на САД.

Фејсбук е во преговори и со компанија за трансфер на пари, бидејќи бара поевтини и побрзи начини за праќање и примање пари на оние кои немаат банкарски сметки.

Advertisements
To Top