Фејсбук ќе започне со бришење на антиваксерските содржини и објави на нивните платформи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Социјалната платформа и технолошки гигант Фејсбук најави дека ќе ги отстранува сите лажни содржини за вакцината против Ковид-19 од своите платформи.

„Со оглед на неодамнешната вест дека вакцината против Ковид-19 наскоро ќе се појави низ целиот свет, во текот на следните неколку недели ќе почнеме со отстранување на лажните тврдења за овие вакцини“, велат од компанијата.

Фејсбук соопшти дека оваа одлука е дел од нејзината политика за отстранување на неточни информации за вирусот, пренесува ДПА.

„Ќе ги отстраниме дезинформациите дека вакцините против Ковид-19 содржат микрочипови, како и неточните теории на заговор дека вакцините се тестираат кај одреден дел од популацијата без нивна согласност“, се вели во соопштението на компанијата.

Фејсбук соопшти дека околу 12 милиони објави што содржеле дезинформации поврзани со пандемијата биле отстранети од март до октомври.