Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од компанијата „Фејсбук“ потврдија дека нивната мобилна апликација нема да ја има во прединсталацијата на новите смартфони кои ќе ги произведува Хуавеи.
Кинеската компанија Хуавеи е под американски санкции воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.
Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеи и натаму ќе можат без проблеми да ги користат мобилните апликации на Фејсбук и на другите социјални мрежи.
Од Фејсбук додаваат дека нивните правници ги проучуваат службените документи на американските власти и донесува мерки за да се усогласи со нив.
Американската администрација забрани размена на каква било технологија меѓу американските и кинеските компании , што предизвика домино ефект на целиот сектор.