Фејсбук и Јутјуб ќе им испраќаат контра-пропагандни пораки на потенцијалните терористи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претставници од Фејсбук и Гугл, изјавиле пред американскиот Конгрес дека против екстремистичките содржини на своите платформи, покрај нормално отстранување ќе користа и контра-прогпагандни методи.

Компаниите тоа го истакнаја во средата пред Комитетот за трговија, наука и транспорт во склоп на Сенатот. Како што е наведено, компаниите ќе целат кон тоа потенцијалните терористи да ги „гаѓаат“ со пораки кои би можело да влијаат врз нив.

„Веруваме дека клуч на борбата против екстремизмот е спречувње на ширењето на идеологијата која ги тера луѓето да прават насилни дела“, вели еден од челниците на Фејсбук.

Јутјуб т.е Гугл исто така тврди дека има свој систем за „бомбандирање“ со ваков вид на пораки, со цел праќање на антитерористичка реклама.