Фејсбук го претстави Месинџер Кидс, апликација за деца од 6 до 12 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на Фејсбук ја преставија новата апликација наменета исклучиво за деца.

Месинџер Кидс е апликација која е наменета за деца од 6 до 12 години, а со неа тие можат да се допишуваат со своите врсници, праќаат фотографии, видеа, а исто така и да воспоставуваат видео повици.

Родителите одма се запрашаа дали децата ќе можат да гледаат непримерна содржина или да се допишуваат со непознати личности. Фејсбук порачува дека апликацијата има вградено сигурносни филтри, а родителите се тие кои одобруваат со кого детето ќе може да оствари контакт.

Родителите мора да постават детски Месинџер Кидс акаунт и да одобрат со кого можат да комуницираат. Децата нема да можат да пребаруваат внатре во апликацијата, поради сигурност и приватност.

Децата нема да можат да пристапат без одобрение на родителите и нема да имаат сопствен профил, бидејќи правилата за Фејсбук и понатаму бараат возраст од најмалку 13 години за да креирате сопствен профил.

Од Фејсбук порачуваат дека низ апликацијата ќе се збираат малку податоци за однесувањето на младите корисници и на апликацијата нема да се појавуваат огласи и слични реклами.

На апликацијата работел тим од десет експерти и повеќе од 250 онлајн сигурносни организации, а собирани се и мислења од родители.