Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После неколку недели откако расистот кој изведе терористички убиствени напади во џамии во Нов Зеланд и сиот тој масакр го пренесуваше во живо на социјалните мрежи, Фејсбук одлучи целосно да ги блокира и забрани содржините со бел национализам и бел сепаратизам на нивната платформа.
Од базата на Фејсбук во средата известија дека ја менуваат политиката во однос на белиот национализам и сепаратизам и воведуваат категорични забрани за таквите содржини на нивната социјална мрежа. Овие ставови и промени Фејсбук ги најави во изјавата со наслов „Standing Against Hate“ („Стоиме против омразата“), на нивната страна.
Како дел од новата политика во врска со белиот расизам и национализам, Фејсбук ќе ги насочува своите корисници да лоцираат содржини со бел расизам и сепаратизам на нивната платформа Life After Hate, непрофитна организација која нуди поддршка и едукација за помош на лицата кои сакаат да напуштат групи и движења кои се со расистичка и националистичка идеолошка позадина.